Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Отворен ГП Дојран за патнички и товарен сообраќај

Петок, 02 Јули 2021

Граничниот премин Дојран - Дојрани меѓу Македонија и Грција од вчера, 01.07.2021 е отворен за сите видови сообраќај, како за товарниот, за транспорт на стоки, така и за патнички сообраќај.
Одлуката за отварање на сите гранични премини на Грција со соседните земји ја донесе грчката влада вчера (четврток, 1 јули), а стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник на Грција, поради што нејзината примена започна дури во текот на ноќните часови, два часа пред полноќ, поточно во 22:00 часот синоќа (четвртокот, 1 јули).

Дојранчани со задоволство ја пречекаа веста за отварање на Граничниот премин Дојран, бидејќи тоа за нив ќе значи враќање на транзитниот туризам низ оваа општина, и очекување на реализација на еднодневни, или дводневни аранжмани за сместување на транзитните гости во некои од дојранските сместувачки капацитети.

Активирањето на ГП Стар Дојран ќе придонесе кон растеретување на густата фреквенција на проток на возила и патници кое до сега (додека траеше пандемијата во Грција) се одвиваше само на ГП Богородица со преминот Евзони на грчка страна, со скратено работно време од 6 до 22 часот по локално, односно од 7 до 23 часот по македонско време предвиден за влез во Грција, а воспоставен со одлука на грчкките власти од тамошните гранични служби.

Со отварањето на Граничниот премин Стар Дојран за потребите на патниците обезбеден е и пункт за изведување брзи тестови за корона. Пунктот започна со работа синоќа од 22 часот и ќе функционира нон-стоп, со рабтно време од 24 часа.
Ваков пункт за брзи тестови за корона веќе една недела фукционира и на излез од Македонија на ГП Богородица кај Гевгелија.

Да потсетиме - за туристите кои сакаат да патуваат во Грција потребно е да поседуваат еден од следните докази за безбедност од корона:
- Негативен PCR тест на корона, не постар од 72 часа, (може и брз корона тест-негативен);
- Сертификат за прележан ковид-19, не постар од 9 месеци, или
- Доказ - Сертификат за примени вакцини против ковид-19, и тоа со поминати 14 дена од примената втора доза на вакцина (извршена ревакцинација).

Претходно, пред да тргнете на пат за Грција треба да се најавите на системот на Националната Агенција за туризам travel.gr кој треба да се пополни со лични податоци за лицата кои патуваат и да се очекува одговор од системот дека ви е одобрен влез во Грција.

Сите овие процедури се за да се избегне потребата од карантин за сомнителни патници, суспектни, или позитивни на ковид-19 и ова важи за земјите од Европската Унија каде процедурата е олеснета и со поседување на Ковид пасош за примени вакцини против корона вирусот.

 

Last modified on Петок, 02 Јули 2021 - 04:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.