Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

OJO Гевгелија: Притвор за угостител во Сретеново, Стар Дојран

Вторник, 29 Јуни 2021

Сопственик на угостителски објект во Сретеново, Стар Дојран заврши во притвор поради спречување на полициски службеници во вршење службено дејствие и загрозување на нивната сигурност.

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против жител на валандовското село Јосифово за кривични дела – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1, како и – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во соопштението на Обвинителството стои наведено:

„На 25 јуни, осомничениот – сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран, со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, спречил двајца полициски службеници да извршат претрес на угостителскиот објект на платформа. Претресот бил врз основа на наредба на судијата на претходна постапка со цел пронаоѓање докази и траги заради основано сомнение занеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, наведуваат од Обвинителството.

Кога полицисиките службеници пристигнале во објектот и му ја предале наредбата за претрес, осомничениот не ја примил и започнал да ги брка службените лица, упатувајќи им навреди и закани, па започнал да крши предмети – маси и столици и го исклучил кабелот за струја, прекинувајќи го доводот на електрична енергија во објектот. По ова, осомничениот бил приведен.

При претресот на објектот биле пронајдени повеќе пакувања со прашкаста, грутчеста и растителна материја, кои со наредба на Основното јавно обвинителство Гевгелија се испратени на вештачење за да се утврди дали станува збор за недозволени супстанции.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице за кое постои опасност од бегство и можност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, се вели во денешното соопштение од Основното Јавно Обвинителство во Гевгелија.

 

Last modified on Вторник, 29 Јуни 2021 - 18:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.