Шерон Стоун и на 63 години изгледа одлично

Вторник, 29 Јуни 2021

Холивудската актерка Шерон Стоун ги одушеви обожавателите на Instagram со фотографија на којашто позира во жолто бикини.

- „Среќно лето“, им порача таа на обожавателите и доби безброј комплименти за изгледот.

Неодамна, Шерон во интервју за Vogue откри која е тајната за нејзиниот добар изглед во 64-тата година од животот.

- „Луѓето мислат дека мора постојано да одат во теретана и да креваат тегови, но не е така. Мора да го движите телото и да додадете малку отпор. Јас многу вежбам со нозете, правам склекови и слично.

Покрај тоа, од исхраната ги исфрлила алкохолот и глутенот, наместо кафе пие чаеви.

- „Избегнувам преработена храна, но не можам да престанам да јадам чипс“, откри таа.

Што се однесува до стареењето, тоа за неа е неизбежен дел од животот.

- „Не сакам да бидам безвремена убавица. Сакам да бидам најдобра што можам во моите години“, вели таа.

На своите обожаватели им приреди и модно сеќавање на култната сцена од филмот „Основен инстинкт“ облекувајќи маица со принт од сцената која ја игра таа. На пријателите во постот им порача: „Бев таму и го стрив тоа“.

Денес воодушевува со својaта појава иако ја полни седмата декада од својот живот. Холивудската убавица доживеа мозочен удар и седум години беше неангажирана, се додека не проговори за својата здравствена состојба, па почна да добива понуди за снимање. Беше добитничка на награда "Woman of the year" во избор на GQ. Добитничка е на Златен Глобус за улогата во филмот „Казино“ каде игра со Роберт Де Ниро. Денес и после се' изгледа здраво и среќно.
Last modified on Вторник, 29 Јуни 2021 - 17:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.