Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Целосно ликвидиран пожарот кај браната Топлик

Четврток, 24 Јуни 2021

По синоќешното локализирање на пожарот кај браната Топлик кај Гевгелија, утринава екипите на ТППЕ Гевгелија и Подружницата на ШС„Кожуф“ од 07 до 14 часот направија обиколна на опожареното подрачје и констатираа потреба од интервенција за целосно гаснење на останатите згаришта.
Со две теренски возила и 10 члена екипа од Територијалната Против пожарна единица со вработени од гевгелискто Шумско стопанство беа изгаснати и последните форми на согорувње на опожарениот терен кај Топлик.

При тоа беше констатиано дека на терен е изгорена 5 хектари ниско стеблеста шума, сочината од млади природно никнати дрвца од бор, смрека, даб, прнар...вели во изјавата за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов. Тој констатира дека причината за избивање на пожарот е човечки фактор. Пожарот е пријавен во 13:45 часот во гевгелиската пожарна на локација северозападно од Топлик и се ширел во правец кон браната..
Исто така Ризов нагласи дека заради превенција од реактивирање на огнени жаришта поради високите дневни температури, патроли од ШС останаа на терен да вршат мониторинг на опожареното место, во текот на целото попладне.

Да потсетиме дека пожарот кај Топлик ги ангажираше ТППЕ единиците заедно со екипа на гевгелиското Шумско стопанство „Кожуф“ синоќа до 21 часот кога беше локализиран. Утрово екипите беа уште седум часови на терен за ликвидација на огнената закана.

Инаку месноста Топлик им е познато на гевгеличани дека гореше и пред седум години, во 2014 година кога огнот беше закана за посевите и објектите, а настрадаа и повеќе овоштарници, насади со лозја, објекти од земјоделски стопанства, а воздухот беше полн со саѓи од изгорената дрвна маса кои лебдеа над Гевгелија носејќи го тешкиот мирис на зачаденост.

Високите температури, сувата вегетација, налагаат внимателност при престојот во природа заради опасноста од опожарување кое може да предизвика поголема и подолготочна штета за природата и нашата животна средина.

 

Last modified on Четврток, 24 Јуни 2021 - 19:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.