Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Четврток, 17 Јуни 2021

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран по 3 часовна интервенција угаснат и ликвидиран пожарот кој вчера избувна кај Калдрмата и ги загрози околните сманбени и викенд објекти. Граѓаните благодарни на брзата и професионална интервенција и спасените имоти. По изминати 24 часа еве ја сумарната слика од драмата на терен:

Вчера попладне нешто пред 16 часот, избувна пожар во местото Калдрма во непосредна близина на станбените објекти и викенд куќите во оваа населба во Нов Дојран.

Сувата вегетација и ветерот кој беше присутен во текот на целиот ден ја отежнаа работата на Доброволното противпожарно друштво од Дојран кој излезе на терен, па после кратко време беше побарана помош од околните Општини.

На терен се јавија од ТППЕ Гевгелија со едно возило и тројца пожарникари, како и едно возило и двајца пожарникари од Валандовската територијална противпожарна единица. Заедно со четворица пожарникари од Дојран пожарот е ликвидиран во 18:15 часот.

За драматичноста на вчерашниот пожар зборуваат и сликите и снимките од терен и повиците на луѓето да се спасат куќите до кои непосредно дивееше огнот. Пожарот беше заканувачки за објектите во населбата Калдрма бидејќи веднаш до нив е присутна вегетација од ниско стеблеста шума која лесно гореше и го потхрануваше пожарот.

За несебичната, брза и ефикасна интервенција на професионалните пожарникари од Гевгелија и Валандово и доброволците од Дојран граѓаните искажаа благодарност.

- „Нашата единица интервенираше на барање на доброволното ППД од Дојран и наша екипа стигна на терен во 16:07 часот. За причините за пожарот и големината на опожарениот терен се уште немаме податоци. Очекуваме тоа да го имаме како податок со извештајот кој е во подготовка“ изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Свесноста на граѓаните на Нов Дојран за реалноста на заканата од пожар ја изјавија со зборови на благодарност.

- „Сакам да им се заблагодарам на противпожарните екипи и сите кои учествуваа во гасненје на пожарот Ivan Ajcev Ango Angov Блаже Кортов. Нашата кукја е спасена блаходарение на вас! Вечно ваш должник! Голема благодарност од мене и мојата фамилија! - напиша Филип Иванов на социјалните мрежи.

- „Ви благодариме бескрајно на сите за Вашата помош“ - напиша Дејан Иванов.

Изрази на благодарнст упати и фамилија Каракашеви:

- „Голема благодарност до сите наши блиски роднини и пријатели како и градоначалникот на Дојран Анго Ангов, кои веднаш дојдоа и помогнаа да се сопре огнената стихија како и професионалноста на нашите пожарникари кои не дозволија ниеден објект да биде загрозен. Момци браво!!!“

Видео од пожарот од локален жител испратен до Канал „Вис“

Last modified on Четврток, 17 Јуни 2021 - 14:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.