Топ Новости

Верче - вториот донор на срце „ја вработи“ својата мајка

Сабота, 12 Јуни 2021

Хуманоста за донираното срце на починатата девојка Верица Белчовска го сврте вниманието на сите во државата за несебичнит гест на семејството во најтажниот момент во нивниот живот да одлучат да ги донираат здравите органи на своето чедо за да спасат живот на други пациенти од земјава.
Срцето на Верица продолжи да чука во градите на 20 годишно момче, а нејзината величина продолжува да создава нови дела на човечност.
Веќе се обезббедени работни места за нејзиниот татко и брат, исто така обезбедено е и сместување во Струмица на семејството на најмладиот донор во државата, 18 годишната Верче.
Од денеска работно место доби и нејзината мајка Душка. Вработена е во отворената канцеларија за прием на странки за средба со Премиерот на државата. Веста ја објави на социјалните мрежи лично премиерот Зоран Заев.

Колку е голема човековата хуманост покажа Верче која спаси 14 животи донирајќи ги своето срце, двата бубрега, коскена срж и уште 10 парчиња коскени материјали за пациенти на кои им беа неопходни за живот, подобро здравје и функционалност.
Човековата благодарност еве продолжува и со возвратен гест за помош на семејството на Верица кое барајќи подобра егзистенција се преселило од своето село Русино, Беровско во Струмица за да најдат работа, а овде во трагична сообраќајна несреќа животот го губи најмладата од семејството, Верица.

Замина во светлината, ги опсипува со светлина своите сакани од семејството, донорот Верче!

Last modified on Сабота, 12 Јуни 2021 - 16:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.