Топ Новости

OJO: Притворен маж на 30 дена заради изнуда во Богданци

Сабота, 12 Јуни 2021

Маж од с.Прждево, Демир Капија добил кривична пријава за акт кој го сторил во четвртокот на 10.06.2021 во Богданци, а Основното јавно обвинителство во Гевгелија ја процесирал кривичната пријава оформувајќи кривична судска постапка, но заради опасност да го доврши започнатото кривично дело, изречена му е мерка 30 дневен притвор.

За ова вчера извести со официјално соопштение Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Во соопштението стои наведено следново:

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од с.Прждево, Демир Капија, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – „Изнуда“ од член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 10.06.2021 година во 05,30 часот, носејќи со себе опасно орудие – сор со сечиво од 50 см кој се употребува за рачно сечење на гранки, влегол во семејната куќа на оштетениот во Богданци. Тој отишол во дневната соба каде што спиеле оштетениот и неговата сопруга. Во моментот кога осомничениот застанал со сорот во раката над оштетениот, се разбудила сопругата на оштетениот и почнала исплашено да вика. Од викањето оштетениот се разбудил, а осомничениот држејќи го сорот во раце, започнал да упатува сериозни закани кон оштетениот за да му даде пари во износ од 75.000 денари. Осомничениот сметал дека оштетениот му ги должел паричните средства на име надомест за работа, за одгледување на кози во сопственост на оштетениот во период од два и пол месеци. По упатените закани , осомничениот излегол надвор и продолжил со викањето, на кој начин со сериозна закана со употреба на опасно орудие, со намера за себе да прибави противправна имотна корист се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот да му даде 75.000 денари, кои пари оштетениот не му ги должел на осомничениот.

Гевгелиското обвинителство до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија поднесе Предлог за определување на мерката притвор против осомниченот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе го стори кривичното дело со кое се заканува. Основниот суд Гевгелија донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението од ОЈО.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.