Топ Новости

Дојран доби сопствено амбулантно возило

Петок, 11 Јуни 2021

Со донација од фирмата „Руски транс“фирма од Германија, во сопственост на македонец, општина Дојран се стекна со сопствено возило за брза помош наменето за здравствените потреби на жителите од овој крај. За ваквата олеснувачка вест за пациентите од југот, извести градоначалникот на Дојран Анго Ангов кој не го криеше задоволството што ова високоопремено амбулантно возило ќе служи за здравје на жителите на општина Дојран. На чинот на предавањето присуствуваше министерт за здравство Венко Филипче кој посочи дека ова значи обезбедување на 24 асовна здравствена заштита и услуга за жителите и туристите во општина Дојран.

- „Со ова донирано амбулантно возило значително ќе се подобри пружањето на итна медицинска помош на лицата што престојуваат овде. Од 1 јули медицински персонал од Гевгелија и Струмица ќе ротира овде со 24 часовно дежурство. Лекарите сами ќе проценат дали на пациентите ќе им биде пооребна дополнителна медицнска нега во една од блиските болници до Дојран (Гевгелија или Струмица), или ќе биде транспортиран до клиниките во Скопје“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешното предавање на донацијата..

- „Општина Дојран за првпат од своето постоење обезбеди комплетно ново амбулантно возило. Возилото за брза помош ќе биде постојано достапно и на располагање за жителите од Општина Дојран кои имаат потреба од брза интервенција. Со оваа набавка дополнително се зајакнуваат капацитетите за транспорт на пациенти и се овозможува побрз и полесен пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено што станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење“ објави денеска градоначалникот на најужната општина во државата Дојран.

Амбулантното возило исто така ќе биде од голема помош во месеците кога Општина Дојран има зголемен број на туристи и посетители. Во случај на итни здравствени интервенции жителите на општината, но и туристите ќе имаат брз, сигурен и безбеден здравствен транспорт.
Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов денеска при приемот на донацијата изрази особена благодарност до транспортната фирма „Руски транс“ која го донираше возилото за отстапената донацијата. Тој изрази благодарност што на овој важен чин за развојот на здравството и здравствената услуга на граѓаните од општина Дојран присуствуваше лично и министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче кој синоќа пред полноќ започна со организација на четвртата трансплантација на срце во државата, а после полноќ учествуваше во оперативниот тим како неврохирург заедно со тимот од Државна Кардиохирургија.
Ангов се заблагодари и на директорот на ЈЗУ здравствен дом со проширена надлежност од Гевгелија кој здравствено е надлежен и за општина Дојран, д-р Митко Крџев за нивното присуство на примопредавањето на амбулантното возило.

Новото амбулантно возило е со целосна високостандардна медицинска опрема. Да им служи за здравје на дојранчани и за олеснет живот без здравствени проблеми.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.