Топ Новости

Гевгелискиот репрезентативец Костадинов за дебито на ЕП

Среда, 09 Јуни 2021

Македонската репрезентација со полн капацитет и интензитет се подготвува за она што следува, историскиот прв меч на Европското првенство.

Играме против Австрија, противнико кој е далеку по профилиран од нас, со звучни имиња, но тука е Македонија за да ги демантира и најголемите скептици, како многупати во минатото.

Македонското деби на ЕП е и гевгелиско-миравчко деби на ЕП. На денешната прес конференција на нашата репрезентација одржана во Букурешт, Романија, зборуваше и младиот Тихомир Костадинов од гевгелиско Миравци.

- „Триумфот против селекцијата на Казахстан многу ни помогна за самодоверба пред ЕП. Според мене, против кого и да игравме прв натпревар на ЕП, ќе беше тешко, бидејќи овде прв пат се појавуваме. Со Австрија имаме два порази од претходно, но не се преоптоваруваме со тоа, ова е нова шан са за нас, нов меч на кој треба да дадеме се од себе за да победиме“.

- „Самодовербата е крената како кај играчите така и кај селекторот и целиот стручен штаб. Нека не' сметаат за аутсајдери на ова првенство, тоа нас ни иде во прилог, опуштени сме, не чувстуваме никаков притисок. Поседуваме квалитет, на секоја репрезентација ќе и биде тешко да игра против нас“ - истакна момчето кое од терените на Миравци и познатиот турнир „ТИХО“ се воздигна да игра на терените по европските земји, нашиот Тихомир Костадинов.

Костадинов кој настапува за словачкиот клуб Ружемберок, нагласи и дека жали што нема да играат пред полни трибини.

- „Јас дебитирав токму на мечот против Австрија во Виена, каде игравме пред 50.000 публика, па жалам што на ЕП ќе нема полни стадиони. Сигурно дека очекуваме максимална поддршка од нашите присутни фанови, но секој навивач за нас е добредојден“, порача Костадинов.

Сепак ова е нов меч, ново ниво и „рисовите“ се спреми да се надигруваат и остварат поволен резултат.

 

Last modified on Среда, 09 Јуни 2021 - 17:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.