Топ Новости

Директоритe на ТЗ на ЕУ и ЦУ во посета на ГП Богородица

Среда, 09 Јуни 2021

Директорот на Царинската управа Горан Сугарески заедно со директорот на Транспортната заедница на ЕУ, г. Матеј Зокоњшек, претставници од ЦУ и Асоцијацијата „Макам-транс“ денес беа во официјална работна посета на Граничниот премин Богородица.

Посетата претставуваше продолжение на вчерашната средба и разговори на ова ниво во врска со презентирање на начинот на досегашното функционирање и унапредување на зелените коридори и нивно проширување кон границите на ЕУ.
На денешната средба и посета на ГП „Богородица“ кај Гевгелија се разговараше околу соработката со грчките колеги, за подобрувањето и унапредувањето на работата на овој граничниот премин со цел да се овозможи непречен проток на патници и стока, како и за воспоставувањето на Зелени коридори на граничните премини со ЕУ.

Тема на разговор беше и проширување на концептот на заеднички гранични контроли ONE STOP SHOP (контрола со само едно запирање) кој веќе е воспоставен на граничниот премин Табановце-Прешево со соседна Република Србија.
Од страна на претставниците на Царинската управа, директорот на Транспортната заедница, господин Зокоњшек беше информиран дека планирано е ONE STOP SHOP да биде спроведен и на останатите соседски гранични премини.
Посебен акцент беше даден на отпочнување на процес на дигитализацијата на транспортните документи, со што ќе се придонесе за забрзано одвивање на патниот и товарниот сообраќај на граничните премини.

Од страна на Транспортната заедница беше поздравена меѓусебната професионална соработка со Царинската управа која особено во време на пандемијата со Ковид 19 посветено работеше на интензивирање на соработката и подобрување на регионалната економска соработка.

 

Last modified on Среда, 09 Јуни 2021 - 15:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.