Топ Новости

Гевгелија за три дена со тројца новозаразени од корона

Сабота, 05 Јуни 2021

Гевгелија пак направи 10-ка. Толку изнесува бројот на активни случаи на ковид-19 во рамките на Општината.
Пред три дена беа само 7 активни и се очекуваше нивно оздравување поради лесната клиничка слика, но извештаите од ИЈЗ за направените анализи на тестови од корона утврдија три нови случаи на корона, по еден нов случај за секој ден во изминатите три дена од неделата.

Заедно со 2-цата активни од подрачјето на општина Богданци во регионот на ЦЈЗ Гевгелија активни се 12 лица во моментот.
Нивната здравствена состојба ја следат матичните лекари, бидејќи модуларната ковид болница при Општа Болница Гевгелија е веќе е затворена .

Во државата во моментот има 1.027 активни случаи на ковид-19. Од направените 3.109 тестови во изминатите 24 часови утврдени се само 16 позитивни на коронавирусот, што е 0,5% од вкупниот број на изведени тестови, а констатирани се и 38 оздравени случаи.

Во регионт само Дојран останува општина без корона, а во општина Валандово има само 1 (еден) позитивен случај на Sars-CoV-2.

Во рамки на државата веќе 4 општини се изборија со короната: Дојран, Демир Капија, Пробиштип и Пехчево.
Во општините Македонски Брод, Валандово и Дебар има само по еден позитивен и активен случај на корона, па се очекува наскоро бројот на општини во државата кои се „отарасиле“ од коронавирусот меѓу своите граѓани да се зголеми.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.