Дневницата 100 отсто поголема за работа во недела и слободен ден

Четврток, 03 Јуни 2021

Сојузот на синдикати на Македонија и Министерството за труд и социјална политика ги усогласиле ставовите за недела неработен ден и усогласиле со колективен договор, здравствените работници да можат да користат 36 дена одмор.

Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат работниците во трговските центри, кои ќе работат во недела, бидејќи станува збор за неесенцијална дејност. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за фунционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку 50 проценти и слободен ден, но, таа може да биде и повисока ако тоа се утврди со колективен договор или на друг начин.

Од ССМ најавуваат дека по донесувањето на законското решение со кое ќе се регулира работа во недела, ќе се трудат да ги усогласат колективните договори со него.

-Во ЗРО за сите есенцијални дејности се вели да добијат зголемување од најмалку 50 посто, а во колективни договори тоа може да стане и 100, 150 или 200 проценти, односно се дава можност во колективните договори да може да се даде поголем износ. По донесувањето на ЗРО во членот за денот недела како неработен ден ние како синдикати ќе се потрудиме врз основа на тој член да ги усогласиме нашите колективни договори и како колегите од трговија да побараме 100 или повеќе проценти дневница за работниците кои ќе работат во недела, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој вели дека законот нагласува дека миниумот е поголема дневница за 50 проценти, но ако во колективните договори износот е поголем ќе биде применета поповолна дневница. -Министерството и Владата гарантира 50 посто, а ние како Синдикат и работодавачи може да се согласиме таа да изнесува повеќе, рече Димовски.

Според него, има 43 дејности за кои се смета дека се неопходни поради видот на технолошкиот процес или есенцијална дејност заради фунционирање на државата и поради тоа мора да работат и во недела.

За злупотреба на недела неработен ден, прекршителите ќе ќе бидат затворени на 15 дена, а при следно прекшување на 30 дена и парична казна.



Last modified on Четврток, 03 Јуни 2021 - 16:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

77 години СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа

Повеќе

Лишен од слобода 52 годишен гевгеличанец

Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР

Повеќе

Поставен камен темелник на нов продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се

Повеќе

Општина Гевгелија и УНХЦР со помош за социјално-ранливите семејства

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета

Повеќе

Златен медал за МК на Балканската математичка Олимпијада

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од

Повеќе

Ковачевски: Ова е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и

Повеќе

Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев' Негорци

Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.