Топ Новости

Исчезнатиот Илија Минов водите на Вардар го исфрлиле кај Поликастро

Четврток, 03 Јуни 2021

Давеникот пронајден кај Поликастро во Грција се претпоставува дека е исчезнатиот гевгеличанец Илија Минов, 59 годишен инспектор од УЈП и долгогодишен член нагевгелиската пејачка група „Распеани гевгеличани“ како и активен спортски вљубеник во природата како член на ПД „Кожуф“. Кај пронајдениот давеник сопругата препознала дел од облеката на Минов.

Денеска Основното јавно обвинителство во Гевгелија информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во водите на реката Вардар кај градот Поликастро во Грција било пронајдено тело на давеник за кое се претпоставило дека е можно да му припаѓа на гевгеличанецот Илија Минов (59), кој пред два месеци од своите блиски беше пријавен за исчезнат.

Веднаш по дојавата, неговата сопруга заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот инспектор од гевгелиски УЈП Илија Минов по кого претходно нашите надлежни служби со сите раположиви средства трагаа повеќе од еден месец без резултат.

Од Основното јавно обвинителство во Гевгелија информираа дека според меѓународните протоколи било потребно преку нашето Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа која со сигурност може да потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија.

По гевгеличанецот Илија Минов се трага уште од 29 март годинава кога семејството пријави дека е исчезнат. Трагите водеа кај Вардар, бидејќи на мостот на Вардар полицијата го пронајде неговиот оставен автомобил празен. И покрај неколкунеделни трагања од полицијата, доброволци, познници и пријатели потрагата не донесе никакви резултати за тоа каде е Илија.



Last modified on Четврток, 03 Јуни 2021 - 12:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.