Топ Новости

Зголемена фреквенција на патници нa ГП „Богородица“ за продолжениот викенд

Сабота, 22 Мај 2021

Грција ги отвори Границите за влез на патници и туристи од 14 овој месец, а овој продолжен празничен викенд (заедно со неработниот 24 мај, понеделник) ја раздвижи фреквенцијата на патници низ Граничниот премин Богородица.

– „Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на патници на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден“, потврдија утрово за МИА од дежурната гранична служба.

– Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1.300 до 1.400 патници на излез и влез во земјава, а само вчера тој број е зголемен за две илјади патници повеќе, што значи дека во двата правци низ ГП Богородица транзитирале 3.500 патници од кои 2.020 македонски и 1.480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија“, соопштија од дежурната гранична служба.

И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета. Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.

Според новиот протокол за влез во Грција, нашите државјани треба да знаат дека им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест (ковид-19)



Last modified on Сабота, 22 Мај 2021 - 12:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.