Топ Новости

Дводневна жалост во општина Дојран за трагичната смрт на Бранко Николиќ

Среда, 19 Мај 2021

Со тажна вест за загуба на еден млад живот, 25 годишниот Бранко Николиќ од с.Николиќ, дојранско, денеска општина Дојран прогласи дводневна жалост по ненадејната смрт на својот млад сограѓанин.

- „Беше дете со златно срце, вредно и чесно момче, човек со ведар дух, голем пријател. Неговото име ќе го споменуваме со љубов и непребол.
Поради оваа голема загуба за семејството Николиќ, но и за Општина Дојран, денес и утре се прогласени за денови на жалост во нашата општина“ објави на социјалните мрежи градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

Бранко Николиќ, беше вработен во „B-R Transport“ од 18 март 2015 до вчерашниот кобен и трагичен ден. Беше ведар и друштвен лик, сакан од својата средина, сокласниците поранешни, соработниците сегашни, сограѓаните кои на ваков начин му оддаваат почит и Вечна слава за изгубениот млад живот.
Бранко на 19 јули ќе славеше 26ти роденден. Завршил Средно училиште во „Никола Карев“ Струмица, жител на Николиќ, населено место во општина Дојран.

Николиќ и Дојран тагуваат за Бранко.

Last modified on Среда, 19 Мај 2021 - 16:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.