Топ Новости

7 Мај - Цвеќе за Денот на полицијата во Гевгелија

Петок, 07 Мај 2021

Со полагање на цвеќе на спомен бистата на Ѓорге Стамов, во дворот на установата, денеска припадниците на ОВР Гевгелија како и во повеќе Полициски станици во државата, го одбележаа Денот на македонската полиција и безбедноста, кои се заедно дел од системот на МВР.
7 мај – Денот на полицијата и безбедноста годинава се истакнува по фактот што веќе втора година по ред се одбележува во вонредна состојба заради здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

По повод 7-ми мај, денот на македонската полиција, припадници на Полициската станица од Општа надлежност во Гевгелија, положија свежо цвеќе на спомен обележјето во дворот на полициската станица, поставено во спомен на загинатите припадници на службата за безбедност од гевгелиско.
Инаку, со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција.

Централната манифестација по повод Денот на полицијата се одржа во Полицискиот Цантар „Ѓорче Петров“ во Скопје, каде Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна:
„Горд сум што и покрај несаканата ситуација на глобално ниво, покажавме дека во ова министерство работат професионалци кои неуморно ги извршуваат своите обврски, непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и за секојдневните потреби на граѓаните. За ефикасноста на полициската работа покажуваат конкретните резултати во борбата против криминалот.
Со задоволство можам да констатирам дека во речиси сите сегменти е очигледно подобрувањето на резултатите, а евидентно е и генералното намалување на криминалитетот.
Така, во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година кривичните дела бележат намалување за 9,5%, во споредба со истиот период лани“- нагласи министерот Спасовски.

Тој упати честитки до сите полициски службеници, кои се дел од безбедносниот систем на државата и претставуваат симбол на пожртвуваност, храброст и морал во корист на општеството и заедницата. 

 

Last modified on Петок, 07 Мај 2021 - 22:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.