Топ Новости

Започна усписот на првачињата

Вторник, 04 Мај 2021

Официјалниот старт на упис на новата генерација првоодделенци во учебната 2021/2022 година започнува денеска на 4 мај и ќе трае до крајот на месецот, до 31 мај.

Гевнерациите деца родени 2015 год. кои наполнуваат 6 год. до крајот на календарската година, како и од 1 до 31 јануари 2016 ќе бидат опфатени со тековниот упис на првачињата.

Согласно одлуката на МОН сите општински основни училишта ги објавија потребните документи за упис, а тоа се:
- Фотокопија од извод од матична книга на родени
- Лична карта од родител (на увид ,заради почитување на реонизација)
- Потврда за примени задолжителни вакцини
- Потврда од стоматолошки преглед
- Потврда од офталмолошки преглед,, издадени од надлежна здравствена установа.

Уписот се врши по претходно поднесено барање од родител и добиено мислење од педагогот психологот во училиштето.
За прв пат годинава, поради пандемијата и ограничувањето на контактите и групирањата, во општинските основни училишта може да се изведе и електронски упис на првачињата, со користење на платформата uslugi.gov.mk. Оваа опција се изведува доколку родителот има интерес, така што пријавата и документите потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе во електронска форма, по што ќе биде закажано интервју со детето.

Се разбира, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, запишувањето ќе се одвива по ПРЕТХОДНО ЗАКАЖАН ТЕРМИН.

Образовната политика налага секое дете да биде опфатено со задолжително основно образование. Така што, на родителите им посакуваме лесен упис, а на идните првачиња успешен старт во светот на знаењето.

 

Last modified on Петок, 07 Мај 2021 - 16:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.