Топ Новости

Филипче и друмските труби

Недела, 18 Април 2021

Што би се случило доколу министерот Филипче ги послуша барањата на оние тропадури, сокаџии и бадијалџии и поднесе оставка?

Како прво, може со првиот авион да замине во било која клиника на Запад, да го облече белиот мантил и со неговите перформанси на врвен невро хирург, место овдешните 1.500 евра, да заработува барем петпати по толку. И ќе се ослободи од викот на оние бараби, кои под прозорец му се издеруваат како дивоѕвери, барајќи му ја оставката.

Второ, се прашувам, кој ќе дојде на неговото место. Можеби некој од оние говорници, кои си ги исплукаа дури и крајниците, сакајќи тие нездрави да покажат колку е неподобен Филипче, а колку е голем нивниот учинок за доброто на нашето здравје. Или, оние дами кои секојдневно дремат во протестните маршеви, та дури заборавија како се сервира семејниот ручек, сладејќи се во од со партискиот оброк од сендвичарата „Mицко“.

Филипче, мора да е фанатично врзан за својата професија и лекарската клетва, кога и во овие исклучително тешки здравствени околности во државата и наспроти здивените атаки на опозициските друмски разбојници, продолжува стоички да го чува достоинството на лекарската фела и на функцијата прв „бел мантил“.

Автор: Бошко Нацевски, (новинар) - FB статус

 

Last modified on Недела, 18 Април 2021 - 02:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.