Топ Новости

Да покажеме доблест кон животот

Вторник, 06 Април 2021

Актерката Милица Стојанова, доајен на македонското глумиште, прими вакцина „Астра Зенека“ во скопска Поликлиника и упати искрена животна порака до своите пријатели преку социјалните мрежи повикувајќи на одговорност и вакцинација против ковид. на својот фејсбук профил таа напиша:

„Поминав една војна, онаа Втората светска... Го искусив татнежот и плачот на земјотресот... Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички... Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам... Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив... Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се' уште да се радувам во заедница, а не да самувам.
Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене...
И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив.
Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот“ - напиша Милица Стојанова искрено до сите упатено преку социјалните мрежи.

Поминав една војна, онаа Втората светска... Го искусив татнежот и плачот на земјотресот... Видов разни страдања,...

Posted by Милица Стојанова on Monday, April 5, 2021

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.