Топ Новости

Македонскиот IX-то одделенец Алексиј на врвот меѓу кинеските и руските математичари

Четврток, 18 Март 2021

Математичарот Алексиј Тасиќ на 14 години освои златен медал на Меѓународната иранска геометриска олимпијада што се одржва веќе седум години по ред. На истата зедоа учество околу 5.000 натпреварувачи во трите категории заедно, од вкупно 60 земји од светот. Алексеј се најде на врвот од петтеилјади учесници освојувајќи го првото место.

„Учествував во елементарно ниво, кое е наменето за учениците од основните училишта. Освоив златен медал, со трета позиција, и се наоѓам меѓу кинескиот и над целиот руски тим. Особено сум горд поради тоа што ги имав сите поени на петтата задача, која само уште еден натпреварувач од цел свет ја реши“ – вели Алексиј.

Тој учи во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром и е деветто одделение.

– „Отсекогаш сум ја сакал математиката, но таа љубов навистина почна да се издигнува над другите предмети по мојот прв натпревар“. Се натпреварувам веќе пет години. Во шесто и во осмо одделение покрај првата награда, на државниот натпревар бев и на прво место. Имам освоено две бронзи на Јуниорската македонска математичка олимпијада (како седмоодделенец и осмоодделенец). Сега, во деветто одделение освоив златен медал на меѓународната олимпијада Финален математички куп 2020 (категорија јуниори), на која учествуваа 10 земји и над 180 натпреварувачи. Во јануари освоив и сребрен медал на Меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ – посочува Алексиј.

Покрај математиката, голем предизвик му се и физиката и хемијата, но, за жал, поради пандемијата, тие натпревари минатата учебна година биле откажани и немал можност да се докаже и на ова поле.

Љубов и вистинска поддршка во интересот кон математиката му дала неговата мајка Елизабета, која е професор по математика. Токму таа, уште кога бил мал и кога го препознала неговиот талент, му дала насоки и знаења кои во редовната настава не можеле да бидат опфатени. Потоа искуството покажало дека е многу важно Алексиј да се вклучи и во дополнителни активности во кои ќе работи со деца со исти интереси и со кои ќе споделува идеи.

Тој посетува едукативен центар во кој ја учи олимписката и натпреварувачката математика од искусни математичари, кои имаат учествувано во најпрестижните олимпијади во светот. Од неодамна ја посетува и Олимписката школа „Александар Блажевски-Цане“, во која исто така ги совладува олимписките теми.

– „Засега единствената желба ми е да решавам задачи“ – кусо одговара Алексиј.

Сепак, посочува дека е свесен оти сите стекнати награди и медали можат да му помогнат за поголем избор при продолжување на образованието.

Секоја освоена медаља има широко значење за учесниците, за сите математичари и за целата наша држава, велат од Унијата на математичари „Армагана“.

 

Last modified on Четврток, 18 Март 2021 - 04:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

Јанева ќе бара одлагање на затворската казна

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата за 7 години затвор за

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Вчера, среда, (21.07.2021 год.), од страна на полициски службеници од ОВР

Повеќе

Зголемени стипендиите за студентите

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки

Повеќе

Апелација потврди: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.