Дојран на филм - „Зад стоговите сено“ моментално се снима на локации во Дојран
Животот во езерско-рибарски амбиент носи своја убавина, но и животна приказна која ја испишува најновиот филм што се снима на локации на Дојранското езеро, од грчка и македонска страна.
Првата клапа почна во Грција на 13 јануари, а вчера филмската екипа беше во Стар Дојран. Во посета на отворениот сет за филмот, „Зад стоговите сено" кој во моментов се снима на локации низ Дојран, беа директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски и продуцентот Владимир Анастасов, соопштија од Владата.
Лазаревски изјави дека „Зад стоговите сено" е филм кој е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Македонија, ЗДФ Арте од Германија и Грчкиот филмски центар, Грчката национална телевизија ЕРТ, но е препознаен и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела - Еуримаж.
„Оваа значајна соработка стана реалност, благодарение на Преспанскиот договор, и истата претставува размена на искуства помеѓу две филмски екипи, на две територии, отсликувајќи ги двата народа во создавањето на најголемото достигнување - филмско дело. Се надевам дека оваа соработка помеѓу соседите ќе се продлабочи и развива и во иднина, вклучувајќи ги сите останати сегменти од културното творење", кажа Лазаревски.
Продуцентот Владимир Анастасов изјави дека ова е завршниот дел од снимањето на филмот и дека ова е една од првите ко-продукции со Република Грција, и рече дека се надева дека филмот ќе има успешен живот на фестивалите и во кино-салите.
Почесниот Конзул на Република Грција во Македонија Ахилес Ракинас се заблагодари за поканата да присуствува на снимањето на филмот „Зад стоговите сено", проект кој е од големо значење за двете земји.
„Љубител сум на филмот, ја следам продукцијата од целиот регион, се чувствуваат успесите, затоа верувам дека и овој филм ќе остави белег. Се надевам на идни соработки во секоја област не само во филмот", рече Ахилес Ракинас.
Режисерката на филмот Асемина Проедроу од Република Грција за филмот рече дека станува збор за рибар кој живее во село на границата помеѓу Република Грција и Македонија.
Дејствието на филмот се одвива во 2015 година и е филм за едно семејство во Грција кое живее на погранична територија со С. Македонија. Приказната е фрагментирана и е претставена од гледна точка на таткото, мајката и ќерката. Социјалниот аспект во овие простори ги тера луѓето да прават и носат одлуки кои се спротивни на моралот на ликовите во филмот.
- „Тој се плаши дека ќе оди во затвор заради измама и долгови. За да собере пари почнува да пренесува мигранти со неговиот брод. Главната дилема во филмот е дали да се признае и да се каже вистината или да се сокрие", го образложи накусо сижето на филмот режисерката Асемина Проедроу.
Снимањето на филмот се одвивa на територија на Грција уште од 13 јануари, а потоа продолжи на локации во Дојран и Гевгелија.
Поради настанатата ситуација со КОВИД-19 и воведувањето на карантин, се промени стратегијата за снимањето на овој филм, којшто сепак успеа да биде комплетиран на сетовите на македонската страна од Дојранско Езеро.
Image Gallery
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во