Нашинката Данче Томашевиќ е од Гевгелија но живее со семејството во Нови Сад. Креативноста која таа ја споделува на социјалните мрежи се оброци за деца направени во интересно форми. Младата мајка на 3 годишниот Марко и 1,5 годишните Иван и Милан на ваков начин сакала да ги предизвика своите деца гледајќи ги цртежите направени од зеленчук, тесто, овошје да вкусат од приложеното во чинија. На таков начин тие се запознавале со храната која во други прилики одбивале да ја јадат. Познати ви се отпорите на децата кон брокулата, шаргарепите, зелката... Е, ова е инвентивен начин на Данче да се справи со отпорот кон непознатата храна, да предизвика интерес и низ смеа да се изеде снешко, зебра, кученце, елка ...
Со оглед на тоа што оваа година сите поминуваме многу повеќе време дома и со децата, Данче доаѓа до идеја за интересен начин на забава и анимација на дечињата. За време на карантинот од коронавирусот, 40-те дена дома ја активираат нејзината креативност и почнува да создава вистинска уметност во чинијата.
Таа вели дека за самата изработка на секој оброк не треба повеќе од 15-20 минути, но повеќе време губи во смислување на креацијата затоа што сака секое чинивче да биде оригинално и поинакво.
Празниците кои претстојата можат да Ве инспирираат и вие да пробате некои од креациите на Данче, или самите да искреирате нешно ново и да ги послужите во чинија како вкусен и за очи примамлив гарнир од храна за домашните, па и за гостите ако сте задоволни од сработеното.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=5819:gevgelicankata-dance-umetnik-vo-kujna&Itemid=667#sigProGalleriafab2bf07a3
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август