Топ Новости

Почина познатиот YU актер Иван Беќарeв, по потекло од Гевгелија

Вторник, 17 Ноември 2020

Малкумина знаат дека југословенскиот актер Иван Беќаров има семејни корени од Гевгелија. Последната посета на нашиот град му беше при снимањето на документарниот филм „Професорот“ посветен на неговиот вујко, музичарот, хаваист, поет и книжевник Илија Џаџев

Во балканските медиуми вчера одекна веста за смртта на познатиот актер Иван Бекјаров (74). Пред десетина дена дознал дека е позитивен на Ковид-19, состојбата бргу се влошила и за жал не успеа да излезе од оваа борба како победник.

Меѓу народот стана познат по улогите во сериите „Бољи живот“ (Курчубиќ) и „Среќни људи“ (Деспотовиќ), но секако, неговата кариера брои уште многу успешни улоги.

Инаку, роден е на 6 април 1946 година во Белград, но влече корени од Македонија, поточно од Гевгелија. Татко му Георги пред почетокот на Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила година претходно.

После завршувањето на основното училиште, се запишува во Шеста белградска гимнација, а потоа и на Факултетот за драмски уметности. За приемниот испит го подготвувале легендарните актери, Миќа Томиќ и Оливера Марковиќ. Во неговата група бил и Милан Гутовиќ.

Првата улога на филм ја добива во 1967 година во остварувањето „Боксери иду у рај“, каде главната улога ја има Мија Алексиќ.

Зад себе остави повеќе од 150 остварени улоги, од кои околу 60 во „Југословенско драмско позориште“ чиј член (и првенец) беше 33 години. Снимил преку 50 филмови, а снимал и во Данска, Италија... За својот придонес во културата, избра е и за член на Академијата за филмска уметност и наука.

Во својот професионален век, беше успешен радио и тв-водител. Исто така, поседувал музички талент, што му донело улоги во кабаре, мјузикли и оперети.

Во едно од последните телевизиски гостувања пред неколку месеци, ќе изјави дека последните понуди што ги добил се навреда за неговото достоинство и дека тоа многу го разочарало.

Разочаран сум што се' помалку ми се јавуваат, а и кога ќе го направат тоа, ми нудат улоги кои морам да ги одбијам. Не сум одбил толку улоги во текот на целата кариера колку во последните година дена. Тоа се неверојатно понижувачки улоги, секој статис може да ги одигра. По нешто и ќе прифатам, но за многу улоги се покајав. Тоа страшно, а кога ќе дојдеме до износот на хонорарот, дури тогаш е срамно. Толку е нашата работа обезвредена, немам зборови. Никогаш не било полошо. Тоа се улоги под секое актерско достоинство. Ми нудат, да речеме, да кажам две реченици во некоја серија, за тоа не им треба образован актер. Но, за сето тоа малку придонесе и хиперпродукцијата на актерите. Секое село речиси има своја академија и тие актери прифаќаат се' и сешто за никакви пари и ја рушат цената на нашата работа".

Многу од неговите колеги се простија од Бекјаров, посочувајќи дека ќе го паметат како фантастичен актер, но уште подобар човек. Актерите од помладата генерација на кои актерот им беше и професор, сведочат за неговата човечка големина.

„Те знаевме како актер, ни стана професор, а потоа и пријател“, „Ти ни беше како втор татко“, „Ти благодариме за се што не' научи“, се само дел од пораките.

Меѓу оние што емотивно го доживеаја заминувањето на Бекјарев е и актерот Андрија Милошевиќ, кој изјави:

„Во трагедијата на секој актер има и нешто величествено, а тоа е времето со радост посветено на публиката, живот проживеан за насмевките да останат вечни. Ќе го паметите големиот Иван Бекјарев“.

/p>

 

Last modified on Вторник, 17 Ноември 2020 - 12:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.