Топ Новости

Голчиња

Вторник, 20 Октомври 2020

Рамна зелена трева, топка и детска желба за игра - толку треба за да се собере група за голчиња пред зграда. Не е важно што нема современо опремено игралиште, што нема стативи, маркирани аут линии. Тука се камењата поставени да означуваат голчиња, а за се' друго екипите взаемо ќе се договорат: од каде до каде е теренот, колкумина ќе брои екипата, до кога ќе играат... до повикот да се приберат дома за ручек.

Фотографијата е од занесената игра на децата на зелениот терен од најновиот парк пред зградите до Градскиот пазар во Гевгелија.
Повозрасните од претставниците на локалните тела во општината побараа спортски реквизити за убав и опремен спортски терен, ама желбата за игра на овие деца не мирува и не чека. Важно е да се излезе од дома, да се има физичка активност, а ако се даде и гол на противничкиот тим среќата и задоволството е поголемо.

До играта со вистински голчиња со мрежи и стативи и камењата од природното опкружување се доволни за почеток. Важно е да сакаат да играат. За се' друго ќе се најде решение.

 

Last modified on Вторник, 20 Октомври 2020 - 22:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.