Електрани на Македонија, во следниот период ќе почнат со работа и да произведуваат електрична енергија за потребите на Република Србија и за нејзините граѓани.
– „Се она што ќе биде потребно им стоиме на располагање. Во овој момент изразија потреба за ваква помош во количество на електрична енергија која им е најпотребна бидејќи имаат намалено производство од нивните електрани. Ќе ги следиме ситуациите и се што им е потребно од наши стручни екипи да излезат во пресрет и да им се помогне“, изјави денеска директорот на ЕЛЕМ Дејан Бошковски.
Тој истакна дека анализирајќи ги потенцијалните опасности за нашиот систем така и на системот во целиот енергетски блок каде припаѓа и Република Македонија и да се излезе во помош и пресрет и за санирање на последиците од катастрофалната ситуација во Република Србија, а имајќи предвид дека е намалено производството на електрична енергија во нивните термоелектрани и потребата која е појавена за зголемено количенство електрична енергија во одредени региони, договорено е на Република Србија, на нивните компании од Електрани на Македонија во наредните денови да им се испорача електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час.
- „Во текот на вчерашниот и денешниот ден со колегите од Електростопанството на Република Србија и Електромрежа Србија се направија интензивни разговори во делот на техничките детали на состојбата што се случува таму. Секојдневно ќе бидеме во комуникација со нивните експерти за правење анализи и на состојба за да не се наруши целата стабилност на системот бидејќи знаеме дека тие се поврзани со електроенергетските системи на Унгарија, Романија и Бугарија и за секојдневно да имаме следење на ситуацијата, за да не се направат дополнителни штети, рече Бошковски.
- „Исто така понудивме до Европската цивилна заштита и до Република Србија и до Босна и Херцеговина дека во состојба на готовност се екипи на МЕПСО кои во евентуален случај на побарување од овие земји би се упатиле веднаш со намера да вршат поправки на електроенергетскиот систем онаму каде што има потреба и каде се соочува со предизвици“, посочи денеска портпаролот на Владата на РМ, Александар Ѓорѓиев.