Генерацијата првачиња 2020/21 е првата генерација која напоредно со првото запознавање со училиштето, училишните клупи и другарчиња, има нова училишна задача „Да се запознае со новото нормално“, а тоа е примената на ковид мерките уште при самиот влез во училиштето.
Наместо свечена приредба од учениците од поголемите одделенија, годинашниве првачиња се соочија со дезинфекциони стапки за обувки, со дезинфекциони средства на влезот од училиштето со дистанца од секое другарче при влез и во училишните клупи од 1,5 до 2 метри.
Фото галеријата која ви ја споделуваме е атмосферата од почетокот на училишната година за првачињата и II, III, IV и V-то одделенците во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци. Ова училиште е единствено во општината кое доби дозвола од Комисијата при МОН за изведување настава со физичко присуство на учениците од прво до петто одделение.
Дел од нив првиот школски час и распоредот на наставната материја ги изведоа на отворено, во училишниот двор, а помалите во училница го запознаа „Новото нормално“ во разделените училишни клупи и седењето ученик секој сам без клупско другарче.
Добредојде на сите првачиња сепак беше испорачано со видео порака подготвена од минатогодишните петтооделенци, сега шестокласници во истото училиште.
Со среќа и успех новата учебна година!
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=5400:prvacinja-na-uciliste-i-novoto-normalno&Itemid=585#sigProGalleria1342b20451
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август