Топ Новости

Нема драма, ниту агонија – „Информер“ дури сега ги виде казните за неносење маски

Петок, 24 Јули 2020

Пишува: Оливера Војновска

Српскиот портал „Информер“ објави напис со тенденциозен наслов: НОВА ДРАМА НА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ПРИ ВРАЌАЊЕТО ОД ЛЕТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА! Еве што се досетиле Македонците! (NOVA DRAMA NAŠIH PUTNIKA PRI VRAĆANJU SA LETOVANJA U GRČKOJ! Evo čega su se dosetili Makedonci! – 21.07.2020)

„Драмата“ што се најавува во насловната конструкција, всушност, е предимензионирана, па и бајата, бидејќи се однесува на казните од 20 евра кои веќе трет месец се изрекуваат (наплатуваат) во Република Северна Македонија заради неносење заштитна маска.

Написот во сензационалистички манир ја пренесува приказната што еден српски државјанин, извесен Владимир Симиќ, ја раскажал на социјалните мрежи, за тоа како поминувајќи транзит низ нашата земја му била наплатена казна поради тоа што во возилото не носеле маски. Оваа непријатна случка е опишана како „агонија“, поточно како продолжување на агонијата која српските туристи, наводно, ја доживуваат како резултат на сложените процедури за влез и престој во Грција поради коронавирусот. Во текстот има и назнака „предупредување за сите“, испишана со црвени букви.

Иако најверојатно се работи за вистинска случка, во написот таа е прикажана со видлива тенденциозност, што се забележува уште со изборот на насловот. Впечаток е дека се сакало да се направи драма онаму каде што ја нема.

Казните за неносење маска во Северна Македонија не се ништо ново. Тие се воведени уште на крајот на април, а стапија на сила од први мај и оттогаш се изрекуваат и за македонски и за странски државјани.

Денеска (23.04.2020) во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, што ја донесе Владата на својата 45-та седница.

Во уредбата се утврдува дека во случај на прекршување на одредбите од оваа уредба со законска сила, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 април 2020, надлежните органи ќе изрекуваат исклучиво опомени.

После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила, соопшти Владата на С.Македонија на 23 април.

Така што, не се работи за некакаква нова казна воведена сега во екот на туристичката сезона, односно како што зајадливо констатира текстот: „Еве што се досетиле Македонците!“. Овие казни се изрекуваат неколку месеци, а позасилено во последниот период со оглед на тоа што се зголеми бројот на заразени со коронавирус. За ова исветуваа медиумите, а тука ќе посочиме само неколку примери:

Најмногу казни за неносење заштитни маски во возило – (10.06.2020)
Над 1000 казни за неносење маска (11.06.2020)
Во јули казнети повеќе од 2000 лица за неносење маски – (06.07.2020)
Па, како што може да се види, не станува збор за „драма“, уште помалку за „агонија“ – опишана во речниците како „состојба без свест, непосредно пред смрт“, туку за почитување на мерки во услови на пандемија со ковид-19.

________________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Петок, 24 Јули 2020 - 14:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.