Коментаторски наслов наведува дека на Заев му е поважен одморот од новата влада
Пишува: Весна Коловска
Дигиталниот медиум „Денешен“ објавува текст во кој пишува за плановите на коалицијата „Можеме“ во периодот до завршување на работата на Државната изборна комисија (ДИК).
Текстот е пренесена изјава од „Плусинфо“, со наведување на изворот, но без линк. Меѓутоа, текстот не изнесува повеќе информации, туку коментира, па дури и осудува, во насловот. Притоа, приложена е фотографија од лидерот на СДСМ, Зоран Заев од неговиот краток одмор на Халкидики, Грција во 2018 година, што тогаш ја објавија грчките медиуми.
Текстот наведува дека на Заев поважен му е одморот од составувањето на новата влада, иако текстот подолу објаснува зошто коалицијата оди на одмор.
Коалицијата „Можеме“ на СДСМ во очекување на конечните официјални резултати од Државната изборна комисија од предвремените парламентарни избори, од денеска ќе оди на одмор сѐ до Илинден, објавија повеќе медиуми.Лидерот на СДСМ Зоран Заев разговорите за состав на новата влада ќе ги почне по 2 Август, вели за Плусинфо висок функционер на СДСМ.
Во време кога 80% од корисниците на социјалните мрежи ги читаат само насловите, без да го отворат линкот и прочитаат текстот во продолжение, се гледа намерата на авторот да дезинформира и да го заведе читателот.
Новинарот во пишувањето треба да има неутрална позиција, ослободен од обврски кон одредени структури, туку единствената негова обврска е обврската кон публиката, да ја информира според основните новинарски и етички стандарди.
Во Кодексот на новинари во делот за принципите на работењето, се наведува:
Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.
Кодексот предвидува и дел за известување од политичките процеси: „посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.
____________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август