Пишува: Ардит Рамадани
Рецензираната вест објавена на 14 јули 2020 манипулира со читателите со „објавување на резултатите“ од гласањето на лицата со Ковид 19 и на лицата во самоизолација, како и на гласовите на лицата во казнено – поправните институции. Оваа вест беше ДЕЗИНФОРМАЦИЈА, а читателите требаше да станат жртви на манипулација.
„Како што дознаваме неофицијално во Изборната единица 4, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 1381, додека СДСМ има 974 гласови. Денеска гласаа болни и изнемоштени лица и ова се неофицијалните резултати“, се вели во рецензираната вест.
Меѓутоа, како што истакнува самиот автор на веста, овие податоци не можел да ги добие ни официјално, ниту неофицијално, поради тоа што гласачките кутии сè уште не се отворени и поради фактот што овие гласови ќе се бројат заедно со другите гласови, односно кога ќе заврши целиот изборен процес.
По однос на ова се изјаснил и претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК), кој во една изјава за медиумите рекол дека бројот на гласови објавен во една ваква вест е „шпекулација“.
„Денес се објавени некои шпекулации, посебно што се однесува на броењето на гласовите. Јас повторувам дека гласовите од вчерашното и денешното гласање не се бројат и не се избројани. Овие гласови ќе се бројат утре заедно со другите гласови“, изјави Деркоски.
Тој упати повик до политичарите и сите оние кои учествуват во вакви манипулации да се воздржат и да ги остават граѓаните да гласаат и да донесат вистинска одлука.
Инаку, денес, во овој втор дена на гласањето, гласањето се одвиваше во Домовите за стари лица, Казнено – поправните институции како и лицата во домашен притвор. Уште еднаш повторуваме дека гласовите од денешното и вчерашното гласање не се избројани и нивниот резултат сеуште не се знае.
_______________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август