Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Со VISA до СП во Бразил

Вторник, 06 Мај 2014

Наградна игра на „Стопанска банка“ која трае до 16 мај, а главниот добитник патува на Светското фудбалско првенство во Бразил

Стопанска банка АД - Скопје започна наградна игра со VISA кредитните картички, која ќе трае во периодот од 02.05 - 15.05.2014. Имено, станува збор за можност да отпатувате во Бразил и во живо да следите натпревар од Светското првенство во фудбал FIFA World Cup 2014.

Услов за учество во наградната игра е да ги користите  VISA  кредитните картички на Стопанска банка и со секоја трансакција над 300 денари во трговската мрежа, или e-commerce станувате потенцијален добитник на патување за 2 лица на 2014 FIFA Светскиот куп во Бразил.

Организаторите порачуваат: - „Не пропуштајте ја оваа шанса да станете добитник на вредносна награда, при што со секоја дополнителна трансакција ги зголемувате шансите за добивка. Во Наградната игра ќе биде доделена следната награда: Патување за двајца во Бразил на Светското првенство во фудбал 2014 во периодот од 14 до 17 јуни вклучувајќи и влезници за натпреварот во рамки на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Аргентина.“

Наградата се состои од:

    4 дневна програма за 2 лица со 3 ноќевања
    Повратни авионски билети од Скопје до Рио де Жанеиро, Бразил
    Услуга за пречек на аеродром во Рио де Жанеиро
    Групни активности / тура на денот на пристигнување и заминување
    Дневен доручек за 2 лица
    Вечера на денот кога не се оди на фудбалски натпревар
    Две (2) влезници Категорија 2 за натпревар на ФИФА Светскиот куп
    Хотелско сместување за 2 лица во хотел со 4 ѕвездички
    Транспорт согласно распоредот на активностите
    Комплет ФИФА брендирани подароци
    Тим за поддршка од страна на VISA
    Една (1) VISA prepaid картичка со 300$

Извлекувањето ќе се одржи на 16.05.2014, додека добитникот ќе биде објавен најдоцна 3 работни дена по извлекувањето, во дневниот весник „Утрински весник".

Правилата за наградната игра во целост се достапни на веб страницата на Стопанкска Банка А.Д. http://www.stb.com.mk.

Last modified on Вторник, 06 Мај 2014 - 02:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.