Скратениот полициски час за време на викендот на многу граѓани им овозможи да се релаксираат малку во зеленило, во природа.
Шетачи имаше долж мостот на Вардар, но не повеќе од по двајца, на стотина метри растојание, потоа велосипедисти и пешаци по патот до Негорски Бањи, и уживатели на терените на Негорски Бањи. Спортистите се истрчуваа на игралиштето, протрчувајќи ја својата дневна тура за одржувањето кондиција, некои го пропешачија теренот, некои играа со децата. Се на се' граѓани кои се придржуваа на дистанцата од два метра растојание. Но, ниту еден не сретнавме со задолжителна маска. Демек, рекреираат поединечно.
Иако посетеноста на Негорските Бањи беше скромна, корпите за отпадоци „велат“ дека овде поминал повеќе народ од очекуваното. Тамошните одржувачи на комуналната хигиена не престасале да ги испразнат преполнетите канти за отпадоци со фрлена амбалажа, хартии, остатоци од јадења кои шетачите ги донеле со себе, бидејќи тамошниот ресторан не работи за услуги кон клиенти.
Детскиот парк беше преполн од викенд посетители кои ги опседнаа реквизитите за седенка, муабет со сокче, на по некоја цигара. Така беше и во дворовите на детските градинки во Гевгелија. Повеќе возрасни, отколку деца. На сите им треба „надворешна“ вентилација.
Короната замре во Гевгелија. Опуштање треба, но внимателно. Не знаете дали клупите на кои седевте вчера беа дезинфицирани од стопанственикот на објектот и околниот парк во Негорски Бањи. Затоа, да останеме и понатаму доследни на мерките за заштита.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=5012:opusteno-i-bez-korona-vo-gevgelija&Itemid=585#sigProGalleria771e6a9e9b
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август