Младата 19 годишна манекенка од Гевгелија, Ана Брзанова вечерва на финалниот избор од манифестацијата „Top Model of the World 2020“ што се одржа во престижниот туристички центар Хургада во Египет меѓу силната светска конкуренција се закити со меѓународна награда. Ана стана носител на титулата „Топ модел во светот со најдобра вечерна тоалета 2020“. Заедно со титулата, од организаторот на TMW 2020, Ана добива како награда учество на „Marbella fashion week“ што се одржува годинава во Шпанија.
Темно вишновиот чипкаст фустан со кој Ана се појави на пистата пред публиката и стручното жири е креација на Модната куќа „НАНА“ од Скопје, а исто така нивна креација се и останатите тоалети, коктел фустани и кежуал парчиња гардероба со кои нашата македонска претставничка продефилира на модната писта на светските ТОП модели.
За нејзиниот успех зборува 26 годишната традиција на оваа светска манифестација на која Ана со својата појава и награда и' стави печат на Манифестацијата и ја репрезентираше убавината на Македонија и модните дизајнери.
Манифестацијата „Top Model of the World“ е основана во 1993 од страна на групацијата WBO и е најголемиот и најпрестижен меѓународен натпревар за моделирање во светот. Финалниот избор на најдобриот Топ модел во светот се одвива на престижни и модерни места низ целиот свет, а претходните настани се одржаа во градовите Шангај, Берлин, Мајами и Хургада.
Од 1993 година, илјадници кандидати од 50 земји учествуваа на овој гламурозен натпревар за моделирање што е совршена платформа, не само за кариера во моделирање, туку и за светската сцена. Годинава конкуренцијата ја сочинуваа 45 претставнички од исто толку земји од светот.
Поддршка на Ана годинава и' беше присуството на националниот директор на TMW за Македонија Роберт Граматиков кој пред настапот и' ја испорача следната порака за среќа:
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=4703:gevgelicankata-ana-brzanova-so-nagrada-tmw-2020&Itemid=668#sigProGalleria6439e37244
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август