„Печка на дрва“ на М.Петров изложена во Скопје

Сабота, 04 Јануари 2020

Еколошкиот експонат „Печка на дрва“ дело на ликовниот уметник Михаил Петров од Гевгелија деновиве е дел од групната изложба на наградените дела од конкурсот „Тrash for art 2019“.
Несекојдневната изложба од уметнички дела направени од отпадни материјали е изложена на катот од ТЦ „Рамстор“ во Скопје. Овде секој од експонатите е претставен поименично, како и авторите и освоеното место на наградниот конкурс.

Меѓу деветте изложени наградени експонати од трите конкуренции со по три наградени дела се наоѓа и интересниот експонат направен од картон од гевгелискиот уметник Петров кој за ова дело освои второ место во поединечна конкуренција. Делото „Печка на дрва“ е направено од 10 парчиња картон добивајќи нормални кујнски дименции (85 х 40 х 40 см). Толку е оригинална што посетителите на Рамстор посегнале по рачката од вратичето на печката за да видат како е доловена внатрешноста. За жал и ја оштетил. Нашиот уметник, кој ја посетил изложбата, вели дека не останал рамнодушен на извадената рачка од вратичето на печката па веднаш интервенирал над своето дело оставајќи го за јавноста во првобитната своја форма. Делота на Петров, како и сите наградени и изложени дела од конкурсот на „Пакомак“ остануваат во сопственост на организаторот.

На наградниот конкурс „Тrash for art 2019“ можеа да учествуваат возрасни и деца, посетители на детски градинки, училишта, (основни и средни) како и факултети, невладини организации, но и поединци. Сите имаа единствен услов од организаторот „Пакомак“ од Скопје да користат отпаден материјали со цел да покажат дека отпадот не е секогаш ѓубре туку може да има и своја нова намена.

Честитки за гевгелискиот уметник Михаил Петров и неговиот стекнат статус на „еколошки ангажиран уметник“. Ако ве води патот до ТЦ „Рамстор“ деновиве можете да ја посетите оваа несекојдневна отворена за јавноста еколошка изложба.


Last modified on Сабота, 04 Јануари 2020 - 22:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.