Миравци во Новогодишен сјај

Понеделник, 30 Декември 2019

Од сите населени места во општина Гевгелија Миравци одскокнува со иницијативата на граѓаните за самостојно украсување на својата населба. Од средината на декември центарот на Миравци доби пред празничното украсување со светлечки украси, сијалички, лампиони.
Најзастапени се декорациите пред Домот на културата во Миравци каде платото е собиралиште на децата и младите во слободното време.

Целата инвестиција е на иницијатива на советникот Пепи Стојанов од Миравци, a со свoи донации помогнаа и Тихо Костадинов, фудбалскиот репрезентативец на Македонија од Миравци и тимот на „Парис кафе“. Секоја година група граѓани одвојуваат средства за Новогодишно украсување на населбата, за набавка на украсни сијалици, а резултатот е видлив и воодушевувачки за жителите и посетителите на Миравци. Двигачкиот мотив за ваквиот чин е радоста на децата која ја искажуваат додека го гледат украсениот простор, насмевките на задоволство и нескриената љубопитност да им помогнат на мајсторите и работниците кои ги местеа украсните елементи.
Миравци веќе 15 дена е во Новогодишен сјај, со надеж дека годината која претстои ќе ја дочекаат со остварени желби кои сега ги греат надежите на исчекување на Највозбудливата ноќ во годината.


Last modified on Вторник, 31 Декември 2019 - 10:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.