Фирмата „Металомонт“ од Струмица започна со изведбените работи за изградба на нов кров на опожарената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија.
Од минатата недела работен тим на ТД „Металомонт“ работат за изведба на нова кровна конструкција. Истата треба да биде завршена до крајот на годината. Од следната година, ако временските услови погодуваат, ќе започне со поставување на изолациони кровни панели во бела боја. Целиот процес во најдобар временски рок (без метеоролошки изненадувања) треба да заврши до средината на јануари 2020 година, значи за неполн месец дена. Ова за GevgelijaNET го изјави сопственикот на фирмата „Металoмонт“ ДООЕЛ од Струмица.
Целиот зафат за изведба на новата кровна конструкција и обложување со кровни панели чини 1.300.000 денари. Средствата ќе се исплатат од заедничката сметка на станарите од улицата „Ристо Чавдаров“ број 25.
Инаку, кобниот 30 јули во 11:20 часот избувна пожар во станот со број 11 од шестиот кат и за неполн час целосно изгореа шест станови од поткровјето, а уште 11 станови претрпеа штета од опожарувањето и пожарникарската интервенција.
Целата штета од Општинската комисија за проценка на штети беше проценета на 4.938.630,- денари и тоа 100% во градежниот дел кај шестиот кат, а остатокот се претрпени штети на простории и станови под поткровјето.
Новиот кров ќе биде со површина од 500 метри квадратни и ќе ја опфати целата зграда, а не само приватните сопственици на опожарени станови кои беа вкалкулирани во Општинскиот Елаборат за проценка на штети.
Градот Гевгелија, гевгеличани, локалната самоуправа се солидаризираа со маката на овие станари и организираа низа хуманитарни донаторски акции за помош на станарите од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25. Меѓу нив беше и наменскиот паричен прилог на Советот на општина Гевгелија во вредност од 400.000 денари, хуманитарниот концерт на навивачката група „Фантоми“, хуманитарнен натпревар на ФК „Кожуф“ и други донаторски акции за помош на овие лица кои во еден час од денот го изгубија целото свое со децении стекнато домаќинство.
Се очекува одговор и од Второстепената комисија за проценка на штети при Владата на РСМ за прифаќање и исплата на вредносен процент на дел од проценетата претрпена штета во Елаборатот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.