Замена на дотраените подови во Детските градинки во Гевгелија, Миравци и Негорци
Јавната општинска установа „Детска радост“ од Гевгелија со сопствени средства, блок дотации од републичкиот преку општинскиот буџет одвои наменски влог за замена на сите стари подови во детските градинки во Гевгелија и клоновите во Негорци и Миравци.
Станува збор за површина од 2.660 метри квадратни дотраен под од паркет кој се заменува со современи материјали, ламинат. Веќе е извршена комплетна замена на подовите во просториите на детските градинки „Детска радост“, „Сончогледи“ и „Цветови“ во Гевгелија, а од следната недела ќе започнат санационите работи во Миравци. До крајот на месецот нов под ќе добие и детската градинка во Негорци.
Ова е прва санација на подните облоги во детските градинки низ Општината од нивното отварање 1961 година. Факт кој во целост ја оправдува инвестицијата на оваа јавна општинска установа наменета за згрижување на најмалите членови од нашата заедница.
- „Единствено не е вршена замена на подот во градинката во Богородица, бидејќи е нова и е изградена во 2014 година. Со ваквиот потег значително ќе се подобрат хигиенските услови, ќе се заштеди енергија и ќе се создадат многу поповолни услови за престој на децата“, вели директорката на ЈОУДГ „Детска Радост“ Елизабета Стојменова.
Во текот на годината која изминува во централната детска градинка во Гевгелија и во детската градинка во Негорци беше извршена целосна замена на столаријата, за што оваа општинска установа одвои 7,3 милиони денари сопствени средства. Исто така, во централната градинка, како и во градинките „Сончогледи“ и „Цветови“ комплетно беа реновирани тоалетите, а во сите детски градинки извршено е опремување и климатизирање на сите простории. Со новите изведби за замена на подот и набавената опрема, креветчиња, душечиња, постелнини за отврарање на јаслени групи во Миравци и последната инвестиција за замена на дотраениот под со нов, инвестициониот влог на ЈОУДГ „Детска радост“ надминува 10 милиони денари наменети за подобрување на престојот на децата во градинките низ општината.
Градоначалникот на Општина Гевгелија под чија надлежност се одвива дејноста згрижување на децата, при обиколка на градинките изрази задоволство од изведените работни зафати и најави проект за доградба на детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, како и настојување на Општината во најскоро време да се отвори и да профункционира клонот на детската градинка во Прдејци.
Image Gallery
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија