Новогодишен Базар - споделете хуманост и радост

Четврток, 05 Декември 2019

Полни штандови украси, рачно изработени лампиони, колачи, новогодишни мафини, декорирани кекси, пригодни празнични честитки ... и други изработки на децата и учесниците на Новогодишниот Хуманитарен Базар вчера ја наполнија малата сала на Народниот Тетар Гевгелија каде се одржува манифестацијата.
Штандовите беа запоседнати од голем број ученици кои после наставата се приклучија на настанот како хуманитарни покровители на начин што преку купување на нешто од изложеното кое се продава по симболични цени, учествуват во окрупнувањето на хуманитарната донација за некому кому е најпотребна.

Базарот, кој започна вчера, во средата, продолжува и денеска во истиот термин од 12 до 18 часот на истото место на одржување во Народниот Театар.
Изработните се во најголем дел од децата посетители на Центарот „Мајка Тереза“, на Центарот за лица со посебни потреби од Гевгелија, на деца учесници на работилниците од Фондацијата „Аполонија“ како и од ученици од општинските училишта.
Добро е што тие на ваков начин покажуваат емпатија за состојбата на другите и желба да помогнат во рамките на своите умешности.

Појдете на Базар и купете нешто, да помогнете некому за малку среќа и човечка грижа пред празниците.

Фото галерија: ЦМТ


Last modified on Четврток, 05 Декември 2019 - 03:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.