Колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа
Објективно, се чини дека г. Мицкоски нема за што да се лути: целата епизода од средбата со бугарскиот премиер Борисов е една „тврда“ лекција за тоа како изгледа да си играш – добро, се извинувам, да водиш – „висока политика“, а да сакаш да седиш на две-три столчиња истовремено. Г-динот Борисов прво му ја расчисти масата на г. Мицкоски за да почне состанокот, ги раскомоти македонските колеги, а потоа му постави неколку логички прашања на лидерот на македонската опозиција. Тоа се истите прашања за кои во Македонија две години се обидуваме да извлечеме јасен одговор, а постојано добиваме образложенија во вид на елиптични флоскули, двозначни и трозначни „математички прецизни“ формулации, а всушност бесмислена политичка демагогија, мешана со наводна проникливост: „Сè што е позитивно за двете страни – му вели Мицкоски на Борисов – ние го поддржуваме. Да немате дилема!“… Немаме дилема. Имаме трилема.
И не само ние што не добиваме јасни одговори, туку на истиот лицемерен начин си играат дрндупка со низа високи претставници и од ЕУ, во билатерални средби со земји-членки на таа Унија, како и со Американците. Резултат? Меѓународната заедница и денеска не е на чисто што ќе добијат од ВМРО-ДПМНЕ, во смисла на регионалната стабилност и просперитет, доколку тие, некако, се вратат на власт во Македонија? Им требаат недвосмислени, јасни одговори, а не евтини политички досетки.
За тоа нема никакво значење кој каде студирал, чија стипендија користел за магистратура и докторат, а ни со кого е женет… Брилијантна е забелешката дека и Ким Џонг Ун дипломирал во Швајцарија, па не е Швајцарец.
Во безброј прилики ова јавно му се укажува на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорот од таму е дека сите тие (ние) кои ги поставуваме ваквите прашања сме „платеници на Заев“ и дел од пропагандниот апарат на СДСМ. Добро. Тоа можеби поминува во Драчево и Карбинци, ама не и кај Борисов. За некои поголеми и поважни од Борисов, обаче, и дума да не стане!
Тоа е резултатот на таа опозициска стратегија доброволно да се исклучат, а потоа од петни жили и да му контрираат на процесот на македонската евро-атлантска интеграција. Тој процес и така е валкан и компликуван – користам прилика, уште еднаш, да го поздравиме г. Макрон – но со клиповите што нашата опозиција упорно ги ставаше речиси на секој чекор од ова историско патешествие, не само што ја зголеми неизвесноста за конечниот успех на овој стратегиски зафат, туку толку многу ја избербати внатрешно-политичката цена за постигнувањето на неопходните компромиси, што од тие морално-политички последици тешко ќе се опорави духот на оваа генерација македонски граѓани.
А, да биде иронијата уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ е прозападна, проевропска партија. Но, од „дрвото“ за спас на груевизмот, не ја видоа „шумата“ на македонскиот државен и национален интерес. Тоа е јасен лидерски пропуст, за кој нема оправдување. Се извинувам, ама така е.
Автор: Сашо Орданоски
Извор: Цивил Медиа
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија