Топ Новости

Сеќавања за Илинден

Четврток, 01 Август 2019

Во пресрет на 2 Август, Денот на Републиката, Претседателот на државата Стево Пендаровски го посети во неговиот дом Јордан Цеков – Дане, учесник во НОБ од 1941 година, командант на Третата Македонска ударна бригада и пратеник во Собранието на Народна Република Македонија, како што се викала нашата држава со првото нејзино формирање по заседанието на АСНОМ.
Тој е жив сведок на втемелувањето на државноста на Македонија, но и сведок на поновата историја на нашата држава. Со своите 98 години му порачал на Претседателот Пендаровски и на сите нас да бидеме обединети и единствени.

Јордан Цеков потсети на сите премрежја и предизвици со коишто се соочувал народот во минатото, за голем дел од активностите кои тој лично ги предводел, во рамки на антифашистичката борба, притоа потенцирајќи дека со вистинските сојузници секогаш сме ја избирале вистинската страна.

На 2 август 1944 година Цеков бил командант на третиот баталјон на Третата Македонска ударна бригада што бил задолжен за непосредно обезбедување на Првото заседание на АСНОМ.

Автор е на 18 книги коишто сведочат за настаните од минатото и досега има објавено 122 статии во весници и списанија. Низ годините со свои научни трудови бил активен учесник на голем број научни собири поврзани со Народно-ослободителната и антифашистичка војна низ целата држава. Носител е на голем број воени одликувања.

 

Last modified on Четврток, 01 Август 2019 - 11:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.