Топ Новости

Подновен за незаборав

Сабота, 27 Јули 2019

Споменикот посветен на седумте жртви од фашизмот поставен во Армискиот спомен парк кај поранешна Касарна денеска беше исчистен и обновен од страна на граѓани учесници во еколошката акција.

Поранешната запуштена слика на спомен обележјето со постамент и плочник обраснат со треви и самоникнати дрвја сега е исчистена, а бојата на посветата и имињата на паднатите жртви на фашизмот обновена за незаборав. Тоа се жртви од нашиот крај кои се убиени од окупаторот на овие простори во декември 1943 и јануари 1944 година. Сега сјаат на сонцето имињата на нашинците:
- Ѓоргиева Јордана од Конско
- Деков Илија од Конско
- Шаренков Димитар од Конско
- Бојмалиев Ристо од Негорци
- Димов (Велков) Горге) од Негорци
- Карпузов Борис од Титов Велес
- Шуклев Ристо од Негорци.

Грижата за жртвите од Народноослободителната борба во виорот на Втората Светска Војна е аманет од нашите претци на кои почест со акцијата им оддадоа гевгеличани.
Акцијата за чистење на Армискиот Спомен парк распослан на простор од борова шума која се простира од Касарната се' до течението на Сува река на југозапад од градот денеска беше во организација на Општина Гевгелија, а се придружи и Јавното комунално претпријатие и бројни еко активисти, планинари, здруженија на ловците од Гевгелија, младинци и совесни граѓани.

 

Last modified on Сабота, 27 Јули 2019 - 13:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.