Со поминати 19.000 километри за изминатите 28 денови, патувачките јунаци со олтајмерот на Рено 4 од Стојаково стасаа до висините на Урал. Тоа е планински венец во Русија, со комплекс резерват за животни, распространет на 2.225.000 километри квадратни на северозападот од Сибир, во Русија. Овде е и границата на Европскиот со Азискот континент, близу градот Екатеринбург.
Возачкиот тандем Шуклев и Николов со восит ја споделија панорамата над Урал, на надморска висина од 1.895 метри. Зеленило и мирен град во подножјето на Уралските гори, а раздвижен транзитен коридор на висините од планинско-шумскиот комплекс.
Нашите јужни автомобилисти го „згазија“ Урал кој се протега од брегот на Северно Ледениот Океан до реката Урал и северозападен Казахстан, опфаќајќи ги источно-европските и западносибирските равнини.
Денеска, 29-ти ден како се на пат и продолжуваат назад до Стојаково. Имаат да пропатуваат уште 4.000 километри до дома.
Автомобилскиот двоец Џоко Шуклев и Ѓорги Николов тргнаа на 29 јуни на авантурата наречена „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“. долга 23.356 километри. За овие 28 изминати денови пропатуваа 21.758 километри со „Рено 4“ и 1.598 километри со „Боинг 737“. Овој дуализам произлезе заради строгите кинески правила кои не дозволија влез на автомобилот-олдтајмер во Кина, ниту нашите возачи од југот да управуваат со него, без придружба од кинески возач, или патувачка агенција. Значи, статистички гледано, само 6,8% од мисијата „Од Стојаково до Пекинг“ беше летечка, што е еднакво на дозволена статистика грешка од секоја голема и опсежна анкета или анализа.
Поздрав од Урал со поглед од 1.895 метри надморска висина со свежината на небото над западно Сибирските рамнини од Ѓорги и Џоко.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија