Топ Новости

Олдтајмерот од Стојаково со рекорд на издржливост

Среда, 24 Јули 2019

Легендата од минатиот век, автомобилот „Renault 4“ стар 41 година што е заштитен знак на авантурата „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“ деновиве ја докажува својата несекојдневна издвжливост и квалитетни механички перформанси.

Тргна на пат долг 23.000 километри од југот на Македонија, од село Стојаково, општина Богданци на пат за кинеската престолнина Пекинг и досега измина 13.000 километри за 26 дена без ниту еден дефект. Првиот „систематски механички преглед“ го имаше вчера во работилницата на мајстор Јура во рускиот град Кемерово. Моторно масло менуваа јунаците на авто авантурата со олдајмерот на секои изминати 5.000 километри и тоа со посебен изум, во пластично шише на самиот пат додека паузираат со автомобилот.

За ваквите перформанси на Рено старецот ќе позавидат и ќе сакат да се пофалат и самите производители на легендарниот автомобил од минатиот век и минатиот милениум.

Засега, приказната ја имаат само Џоко Шуклев и Ѓорги Николов од Стојаково и сите нивни познаници од патувачката авантура низ петте европски земји (Македонија, Србија, Унгарија, Украина, Русија) додека стапнаa во Монголија и Кина, на тлотo на Азискиот континент. Реното заедно со „рено јунаците“ ги чекаат во Стојаково на 4-ти август, шест дена порано од предвиденото заради летечката дестинација од Монголија до Пекинг, Кина. Кој знае, можеби и во „Renault“ ќе чујат за нив па ќе им понудат нова верзија од легендарната линија на „Рено“, а тоа е „Renault e-Plein Air“.

Renault 4 беше и остана еден од најомилени француски автомобили во целата историја на компанијата, а особено беше ценет во поранешна Југославија. „Четворката“ повторно е тука, под името Renault e-Plein Air, што е еко-кабриолет издание на електричен погон.

Нови времиња, нови авантури, нови предизвици. Засега ги чекаме јунаците, а спонзорите сами нека се јават.

Фото галерија од сервисирањето во Кемерово, а фотката во прилог на текстот е наследникот на легендата „Renault e-Plein Air“ што им го посакуваме на рено јунаците.

 

"""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""
Last modified on Среда, 24 Јули 2019 - 14:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.