Топ Новости

Стојачкото Рено 4 принудно паркирано, возачите летнаа за Пекинг

Петок, 19 Јули 2019

Принуден тридневен паркинг на аеродромот Џингис Кан во Улан Батор, престолнината на Монголија е судбината на олдтајмерот „Renault 4“ од Стојаково. Тој со својата сјајно нова светло сина боjа и многуте ознаки за спонзорите и поддржувачите на патувајката мисија „Со Рено 4 од Стојаково до Пекинг“ ги отпоздрави своите возачи, патувачкиот тандем Шуклев и Николов кои со авион полетаа до целната дестинација - Пекинг.

Вчера вечер тие пристигнаа во кинеската престолнина благодарение на ангажманот на почесниот конзул на Република Турција Ајдован Адемоски и на хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје кои експресно ги резервираа авиобилетите од Улан Батор до Пекинг.

Јунаците на оваа автомобилска авантура по стресните 48 часа одбивање на кинеските власти за влез на автомобилот „Рено 4“ на кинеска територија без ангажиран кинески возач, или патувачка агенција за престој во Кина, по пристигнувањето во Пекинг релаксирано изјавија:
- „Утрово се поздравивме со нашето Рено, кое заслужено ќе паузира два дена на аеродромот во Улан Батар во Монголија пред да се вратиме назад, а во сабота наутро тргнуваме назад за Стојаково. Во Пекинг топло добредојде добивме од членовите на Македонската амбасада во Кина. Моментално се дружиме со нашинците во Пекинг, ни' покажаа дел од знаменитостите на Пекинг, а утре во план е посета на Кинескиот зид. За подарок добивме и карикатура од тројцата (Ѓорѓи, Џоко и реното)“.

По тридневен паркинг одмор олдтајмерот од марката Рено 4 стар 41 година, произведен 1978 кој веќе не се производува, ја започнува патувачката сага за назад од Монголија до Стојаково долга 10.000 километри. Толкава патна дестинација олтајмерот извоза за време на 18 дневно патување од 29 јуни до 16 јули поминувајќи низ Македонија, Србија, Романија, Унгарија, Украина, Русија и Монголија. Само територијата на Кина со строгите правила на тамошните државни власти остана прелетана, а не извозена од стојачкиот автомобилски раритет.

Стојаково, чекај ги своите патувачки јунаци!


Last modified on Петок, 19 Јули 2019 - 03:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.