„Јадранка“ е името на најлуксузната јахта на првиот и последен претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Изградена е во 1977 година во хрватското бродоградилиште во Краљевица. Јахтата се наоѓа во пристаништето Бар. Деновиве, Црногорската влада објави тендер за продажба на поранешната јахта на Тито – „Јадранка”. Ова е втор тендер по неуспешниот обид за продажба лани летото, по што и' е намалена цената која се побарува, од 80 илјади на 50 илјади евра.
Црногорската влада ја прогласи „Јадранка“ за непотребна за државата. Според црногорското Министерство за одбрана, во јахтата се вградени некогашни најквалитетни и најлуксузни материјали, од махагони до тиковина, додека преградите во јахтата се изградени од специјални челични легури.
Јахтата има три салони за дневен престој на гостите, два апартмани и две помошни кабини за гости. Таа има осум кревети, а може да прими 30-тина гости. Медиумите во Подгорица истакнуваат дека поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, со неа пловел 24 пати.
Цената на продажба и е намалена, бидејќи првиот тендер не предизвика голем интерес.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=4142:se-prodava-najluksuznata-jahta-na-tito&Itemid=677#sigProGalleria45c30b2a03
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија