Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9 милијарди евра како резултат на соработката со Европската Унија и користењето на европските фондови.
Така, од влезот на земјата во ЕУ, Хрватска во заедничкиот буџет на Унијата уплатила 2,65 милијарди евра, а во истиот период примила 4,6 милијарди евра од фондовите за развој наменети за членките на Европската Унија. Со тоа Хрватска остварила повеќе приходи од членството во износ од близу две милијарди евра.
Во моментот во Хрватска над 80 отсто од јавните инвестиции и 8.306 приватни фирми се финасираат со неповратни средства од фондовите на ЕУ, соопшти хрватското министерство за регионален развој и соработка со ЕУ.
Кога станува збор за користењето на ЕУ фондовите на оваа земја и' се на располагање вкупно 10,7 милијарди евра, а во овој момент се договорени 66 отсто алокации, распишани се 85 отсто од огласите за грантови, додека на корисниците им се веќе исплатени 21 отсто од доделените средства, или 2,247 милијарди евра.