Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Понеделник, 18 Март 2019

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги реализира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“

 

 

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии на релација Охрид – Малме и Охрид – Милано, што ги реализира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ слета првиот авион од Малме, додека утре ќе биде воиспоставена и директната авионска врска на Охрид со Милано.

Предвидено е летовите на двете линии за време на летната туристичка сезона да се реализират двапати седмично и тоа до 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела, додека летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Согласно договорот потпишан меѓу Владата и „Визер“, авиокомпанијата е обврзана од јули да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.

На промоцијата на првата авио линија Малме- Охрид на аеродромот Св. Апостол Павле- Охрид денеска присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, кој изјави:

- „Сакам да најавам дека овој месец ќе се воведат четири нови дестинации и тоа: две дестинации од Охридскиот аеродорм, оваа линија што денеска ја промовираме од Малме, како и уште една кон Милано. Визер најави дека ќе воведе вкупно 8 нови линии. Очекувам дека вака поставените политики ќе ги оправда нашите очекувања и ќе го зголеми бројот на туристи, а воедно ќе овозможи нови европски дестинации за граѓаните. Веќе ги имаме првите резултати кои покажуваат зголемување на бројот на патници во првите два месеци од годинава и тоа за 4,2 проценти вкупно на двата аеродроми или за 46 проценти повеќе само на Охридскиот аеродрм, споредено со минатата година која пак знаете беше рекордна година. Очекувам дека таквот тренд на зголемување на бројот на патници дополнително ќе го има и во наредниот период, со оглед на новите линии од Визер“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

Last modified on Понеделник, 18 Март 2019 - 19:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.