Граѓаните ќе добиваат повраток на ДДВ oд 15%

Среда, 06 Март 2019

Мерката што ја најави владата, ќе започне да се спроведува од 1-ви јули годинава

 

 

Мерката што ја најави владата на Заев, ќе започне да се спроведува од 1-ви јули годинава.

Се уште се бира моделот по кој ќе се одвива долгонајавуваната мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност велат од Управата за јавни приходи.

Целта на реформата е граѓаните да се мотивираат да пазарат од места каде се издаваат фискални сметки, а со тоа да помогнат во наплата на даноците.

- „Секој граѓанин ќе биде инспектор, ќе пазарува онаму каде што ќе се издаваат фускални сметки за да може да си издаде поврат на ДДВ“, вели Сања Лукаревска директор на УЈП.

Премиерот Заев вчера најави дека повратот на ДДВ ќе се одвива со мобилен трелефон, секој граѓанин кој има над 15 години, поседува лична карта, и своја трансакциска сметка, ќе може да учествува во мерката повраток на ДДВ.
Сумите на поврат ќе бидат лимитирани, за мерката да биде фер и да не се случи богатите кои најмногу трошат, да добијат назад и најмногу пари.

За потрошена сума од 10 илјади денари, на пример, ќе се добие поврат од 230 денари.
За проблемот со наплата на даноците неодамна алармираше и ММФ, велат дека државава сеуште не успева да наплати дури 15 до 25 проценти од приходите од ДДВ.

 

Last modified on Среда, 06 Март 2019 - 18:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.