Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Лото вработувањата во Македонски шуми пред отпуштања

Петок, 07 Март 2014

Скандал: 20 вработени на македонски шуми од Кавадарци пред отпуштање од работа

 

ЛОТО скандалот со ветените вработувања во Македонски шуми има ново продолжение. ОТПУШТАЊА ВО КАВАДАРЦИ!

Ова е писмо од директорот на Македонски шуми, Жарко Караџоски. Испратено е до подружницата на претпријатието во Кавадарци на 09 јануари годинава. Караџоски бара “отпуштања на најмалку 20 вработени“!

Еве што стои во дописот.
Донесена е одлука за престанок на работен однос на поголем број работници, од деловни причини, односно најмалку 20. Дел од нив возачи и инженерски кадар! По налог и со потпис, како што се гледа, на директорот Жарко Караџоски. Тој, во писмото бара од Синдикатот во Кавадарци, да се вклучи во изборот на оние кои ќе бидат избркани од работа. Тоа е истиот оној Караџоски кој ПРИМИ 25 ЛИЦА, ТОКМУ ВО КАВАДАРЕЧКАТА ПОДРУЖНИЦА, извлечени во телевизиското шоу на Груевски и Ставрески. Истиот оној Караџоски со чиј потпис наводно се вработија 1.600-тини лица во Македонски шуми, јавува порталот „мојотград“.

Сега тој Караџоски, бара 20 отпуштања, само во Кавадарци. До каде оди несовесноста на власта на Груевски покажува ова срамно поигрување со надежта на луѓето, за едно од најболните прашања, егзистенцијата. Дека за извлечените во ЛОТО-то немало предвидени работни места, ниту обезбедени пари за плати, покажа барањето на Владата до општините, како знаат, да најдат вработувања за некои од наводните среќници. На чија мака се рекламираа Груевски и Ставрески.
До денеска е нејасно дали и колку од најавените 1.600-тини вработувања се реализирани и на кои работни места, а веќе стигнаа информации за отпуштања.
Сега премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески нека одговорат:
Знаат ли за барањето на Караџоски за отпуштањата од Македонски шуми? Дали се одзема егзистенцијата на едни граѓани, за да бидат задоволени партиски апетити на други? -прашуваат граѓаните од Кавадарци.

Last modified on Петок, 07 Март 2014 - 03:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.