Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Одгледувањето на зачинот Шафран - равен на суво злато

Сабота, 01 Март 2014

Одгледувањето на најскапиот цвет на светот - виолетовиот шафран носи приходи до 30.000 евра за еден килограм

 

Цената на светскиот пазар за зачинот шафран варира од година во година, а моменталната цена е 20.000 евра за прва класа и 16.000 евра за втора класа за еден килограм шафран. Во некои години цената за прва класа достигнува и до 30.000 евра за еден килограм и е единствен земјоделски производ од којшто еден килограм е поскап од еден килограм суво злато. Причина за високата цена на шафранот е континуираниот недостиг од него на светскиот пазар. Главен производител во светот со над 90% е Иран.

Најдобриот шафран се произведува во областа Гатине, на југоисток од Париз, а го има и во француската област Аквитанија, во шпанската Ла Манча, во Пакистан, Грција, Иран, Мароко. Уште во античките времиња се користел како колорант зашто има неверојатна способност да обои 100.000 пати повеќе од својот волумен. Важи за лек што помага при варењето, но најважно е што има посебен, извонреден вкус, па на јадењата им дава посебност како ниеден друг зачин.

Македонија е погодна за одгледување на шафран. Засега го има како диво раснат, на големи пространства. Агростручњаците сметаат дека регионот на Повардарието, а посебно Тиквешијата, се погодни за огледување на оваа високодоходовна култура.

Инаку, шафранот, кој уште го нарекуваат мирудија на кралевите, издржува ниски температури до минус 20 Целзиусови степени. Сака оцедни површини на кои има варовничка почва. Она што е карактеристично за него е дека не бара наводнување.

Првиот производител на овој зачин во селото Слоешница Демирхисарско, Благоја Крстевски вели:
- „Моја препорака е да се започне со посериозно производство на шафран кај нас, затоа што е култура која е доходовна и трудо-интензивна. Доколку се започне со сериозно производство, ќе ги заживее руралните средини, затоа што со релативно мала површина од неколку декари може да живее едно просечно семејство во руралните средини и она што е, исто така, полезно е тоа што не бара посебни услови во однос на почвата и механизацијата. Од работни операции потребни се плевење и берење", потенцира Крстевски.

Шафранот има обратен животен циклус од останатите растенија. Напролет го снемува, во летото е во хибернација, а со првите есенски дождови во септември се појавува. Во зависност од врнежите и температурата, почнува да цвета три недели по никнувањето и тоа во октомври и ноември.

За насад на еден декар површина потребни се околу 10.000 луковици и во наредниот период од три години, бидејќи е триплодно растение, ќе се размножат десеткратно повеќе, на 100.000 луковици. Четвртата година е најродна, а во петтата година треба да се смени парцелата и луковиците да се пресадат на нова локација.

„Приносот зависи од тоа колку растенија имаме. За да се добие еден килограм шафран, потребни се околу 150 000 цветови. Всушност, шафранот е толчникот на цветот на растението и се собираат само црвените толчници кои се сушат на температура од 40 до 50 Целзиусови степени без ветер, во сушилница, во период од еден ден. Сушењето на сонце не се препорачува затоа што сончевите зраци штетно влијаат на аромата на шафранот", објаснува Крстевски.

По процесот на сушење, шафранот се складира на темно и суво место. Најдобро е тоа да се направи во херметички затворени стаклени тегли. Трајноста на вака добро складиран шафран може да биде до седум години. Согласно шпанската скала на одредување на квалитетот на шафран, Благоја вели дека шафранот произведен во Слоешница е втора класа со потенцијал да биде прва класа.

Па, подгответе се од почвата, со одгледување на 1 кг шафран, да создадете производ поскап од 1 кг суво злато. Позлатете го Вашиот семеен бизнис.

Last modified on Сабота, 01 Март 2014 - 15:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.