Наместо социјална помош, изморените од чекањето со години, гладни и немоќни, стечајците пред Владата на РМ добија наместо решение ќотек.
Немоќен пред силата и немилосрдноста на својата држава, оваа во која го вложил своето здравје, како работник, татко на невработената и иселена младина, овој стечаец седнал на асфалтот пред барикадите кои специјалните полицајци ги бранат со пендреци, штитови и шлемови, и... заплака!
Ова е слика на ќална Македонија, каде власта не жали никого. ДОнесе Закон за решавање на проблемот на стечајците, но очигледно рестриктивен, кој не ги опфаќа сите од оваа категорија социјално загрозени граѓани.
На испишаниот памфлет стечаецот бара 3.000 денари месечно за живот. Тоа не стасува ниту за корка леб, ама ете тој и толку нема. Ниту корка, ниту разбирање, ниту милост од надлежните!!